среда, 2. декември 2020. Вести денес: 191
home Вести

ВИДЕО: Слетаа патниците од Брисел на аеродромот во Скопје

ВИДЕО: Слетаа патниците од Брисел на аеродромот во Скопје

Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу сподели видео директно од аеродромот во Скопје, каде пред неколку минути слетаа патниците од Брисел.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата истакна дека дел од патниците имаат симптоми на корона вирусот, поради што истите ќе бидат тестирани, а сите ќе потпишаат дека во следните 14 денови ќе бидат во домашна изолација.

-Патниците кои пристигнаа вечерва од Брисел идат во карантин. Моментално се блокирани во Скопскиот аеродром и чекаат тестирање. Тоалетите на аеродромот немаат сапун. Патниците потпишуваат изјава со која се обврзуваат да седат 14 дена во карантин,- напиша Салиу на својот Твитер профил.

Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес-конференција откри дека во моментот се очекува на аеродромот во Скопје да следа авион од Брисел.

Според информациите кои веќе ги има министерот, дел од патниците веќе имаат симптоми на корона вирусот, поради што силно ќе биде пристапено според сите прописи.

Коронавирус