четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Што вети, а не исполни Владата на СДСМ за една година

ВИДЕО: Што вети, а не исполни Владата на СДСМ за една година

Година на промени за просперитетна земја за сите граѓани, вака премиерот Зоран Заев со една реченица сумираше што е постигнато во изминатите 365 дена. Владата се пофали дека исполнила сè што ветила, но реалноста е поинаква. Заев на прес-конференција во средата по повод една година од Владата на СДСМ кажа што исполнија, но изостави да спомене што не исполнија, а ветија, објавува Макфакс.

На предизборните митинзи СДСМ најгласно ветуваше зголемување на просечната плата на 30.000 денари и зголемување на минималната плата до 16.000 денари. Иако во владината програма која беше објавена по изборите пишува дека зголемувањето на минималната и просечната плата ќе достигнат 16 односно 30.000 денари до крајот на мандатот, на митинзите тоа не беше така прецизно кажувано и се одаваше впечаток дека СДСМ ветува дека ќе го оствари тоа веднаш откако ќе дојде на власт. Иако СДСМ ветуваше дека тоа ќе се случи во април минатата година, во септември лани минималната плата беше зголемена од 10 на 12.000 денари, а според најновите податоци од Државниот завод за статитика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава изнесува 23.694 денари.

Низа протести предизвика и неисполнувањето на ветувањето за намалување на надоместокот на извршителите и за должниците кои се социјални случаи. СДСМ во 2016 година вети дека извршувањето ќе биде без наплата на извршителска тарифа за социјалните случаи. Две години подоцна, Владата повторно го ветува истото. „Убеден сум дека можеме да успееме. Ако посветено работиме можеме да изнајдеме решение за вакви горливи проблеми. Но, од еден дел од своите приходи треба да се откажат и нотарите и државата“, изјави Заев на прес-конференција на 1 мај годинава.

Исто така, СДСМ вети и дека на секој граѓанин ќе му се враќаат 15 проценти од платениот ДДВ. СДСМ оваа мерка ја ветуваше и во 2013 година. Заев во кампањата за изборите во декември 2016 година оваа мерка ја промовираше како една од најважните и ветуваше дека ќе биде донесена веднаш после денот на изборите, 11 декември. „Ако потрошите илјада денари, имате 180 денари ДДВ внатре. Ние предлагаме 15 проценти од тоа ДДВ што го има на секоја сметка, за вода, за храна, за облека, за струја, за сè што плаќаме, 15 проценти да се врати назад кон граѓаните“, ветуваше Заев.

Актуелниот премиер на митинзите велеше дека парите ќе се вратат кај граѓаните и дека сè што било украдено од претходната власт ќе биде вратено. Тој во сите јавни настапи повторуваше дека на Триумфалната капија ќе постави бројчаник на кој како што Агенцијата за запленет имот ќе продаде имот и ќе врати пари во буџетот, така ќе заврти бројчаникот. „Сè што е украдено ќе се врати“, велеше Заев.

Тој веднаш по преземањето на премиерската функција најави и распуштање на судството и негов реизбор и формирање на специјално одделение во судот за предмети на специјалното јавно обвинителство. Во јули минатата година, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, го кажа спротивното од тоа што го најави Заев. „Мислам дека е апсолутно погрешна интерпретацијата дека владата или новото парламентарно мнозинство ќе прави реизбор на судии. Ќе се зголеми улогата на новиот Судски совет во дефинирање на постапките за избори или дисциплинирање на судиите“, рече Османи на 23 јули, 2017 година.

Целата анализа на Макфаст прочитајте ја ТУКА.

Коронавирус