петок, 30. септември 2022. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Што стои зад препевот на познатата „Налеј Налеј“ за серијалот „Македонија“ и каква е поврзаноста на гемиџиите?

ВИДЕО: Што стои зад препевот на познатата „Налеј Налеј“ за серијалот „Македонија“ и каква е поврзаноста на гемиџиите?

Песната како ремикс на позната македонска песна „Налеј налеј“ е снимена во Загреб во 2016-та на самите почетоци на снимањето на играната телевизиска серија МАКЕДОНИЈА, за која владата на ВМРО-ДПМНЕ преку филмскиот фонд на РМ, склучи договор во 2015-та, со продукциска куќа со долга традиција Јадран филм од Хрватска за снимање на 80 епизоди играна ТВ серија, пишува порталот Денешен.мк.

Јадран филм пред воопшто да започне снимањето на база на сценариото веќе имаше потпишано преддоговор со една од најголемите дистрибутерски куќи во филмската индустрија во Европа, со цел сигурен пласман и емитување на најгледаните телевизи на серијата во голем број земји во Светот.

Од тој аспект било укажано на сценаристите да внимааваат при пишувањето, серијата да биде разбирлива и интересна не само локално туку интернационално, и за луѓе кои незнаат ништо за македонскатс историја. Значи целта на проектот не беше да се снима играна тв серија која би била емитувана само во РМ, туку многу пошироко.

Конкурсот за серијата беше објавен во 2014-та, а изборот и договорот со Јадран филм бил склучен во 2015та. Јадран филм имал намера да ангажира продуцентска партнерска куќа од Македонија со која би соработувал при снимањата во РМ. За сите 80 едночасовни епизоди на серијата биле обезбедени три и пол милиони евра и ставени на посебна сметка на филмскиот фонд на РМ.

Играната телевизиска серија беше замислена да е на делови на погледлив начин отколку документарните филмови македонсксата историја од последната четвртина на 19 тиот век, па се до средината на 20 тиот век, преку животните, приватните, љубовните, општествените, пријателските и секако политичките приказни и настани на најпознатите историски ликови на Македонија, прикажувајќи ги нивните животи од секој агол, со нивните слабости вклучувајки ги и карактерните слабости, лични стравови, животни дилеми и психолошки падови, приватни и интимни моменти, херојски мигови и подвизи, лични доживувања, комшии, роднини, пријатели, сограѓани, противници и подржувачи, и се она што преставува нивни живот и судбина, но не само во политичка смисла туку и приватно.

За таа цел, Јадран филм ангажираше советнички тим на 5 професори и доктори наука по историја од РМ, кои ги подготвуваа во писмена форма најинтересните настани на македонските историски ликови со сите детали кои ги познава историјата, а на база на тоа тим на сценаристи од Македонија ги развиваа во сценарија за секоја епизода. Главниот сценарист за првата сезона е  Александар Русјаков, а за подоцнежното снимање биле предвидени уште најмалку два други сценаристи од Македонија, еден сценарист со подолго филмско искуство како консултант од Хрватска и еден многу искусен сценарист од Холивуд експерт за развивање дијалози, кој требаше само да ги доуредува и доработува веќе напишаните дијалози од македонските сценаристи.

За играната серија како што тоа се прави со сериите се предвидени неколку режисери, еден од нив главен координатор, а секој друг би снимал различна епизода но под раководство на главниот координатор режисер.

Најголем дел од актерите беше планирано да бидат од Македонија. Еден од нив беше предвидено да е и Владо Јовановски. Помал дел од актерите, главно епизодни ликови се планираше да се ангажираат од други држави, од Хрватска, Србија, Босна, но и други западни земји каде би се продавала серијата.

Најголемиот дел, и најважните делови од сценариото беа засновани на вистински настани и случки, а помал дел, како што се прави во историските играни тв серии, за да биде серијата поинтересна за гледачите и поглелива се измислени.

Снимањето беше планирано да биде во најголем дел на многу локации и во студио во Р.Македонија, помали делови во Софија, Солун, Белград, и неколку локации во Хрватска, и многу мали делови во Виена, Санкт Петерсбург, Милано, Марсеј, Парис и во САД.

Првата епизода е посветена на вистинската приказната на гемиџиите (солунските атентатори), и оваа песна беше снимена како дел од една сцена во ресторанскиот дел на пансионот во Парис покрај Сена, каде младите интелектуалци гемиџии на возраст меѓу 18 и 22 години престојувале и се состанувале во времето на идејните подготовки на атентатите кои подоцна ги имаат направено во Солун кон крсјот на април 1903 тата.

Во таа прилика тие се запознаваат со младата и убава Медлен која го води пансионот и ги служи при нивниот престој. Двајца од нив се вљубуваат во неа, Константин Кирков и Павел Шатев, но таа се вљубува во Кирков, што Шатев го прави љубоморен, нешто што го носи во себе цел негов живот, кои два лика подоцна, многу години подоцна повторно се сретнуваат.

Мадлен поминувајќи доста време со ова интелектуално друштво иако не се интересирала во политика, научила многу за Македонија и ропството под кое се наоѓа во тој период, и женскиот вокал во песната е токму актерката која требаше да ја игра улогата на Мадлен. Песната требаше да биде искористена во дел од сцените на првата епизода. Машкиот вокал во оваа песна е хрват.

Главната улога во серијата ја имаше Мони Дамевски, кој и самиот е повратник од Америка, и кој го игра ликот на Никола Немов – македонец филмски продуцент кој доаѓа од Холивуд да подготви сценарио и снимање филм за историјата на Македонија. Серијата требаше да се снима 4 сезони.

На самиот старт на снимањето, додека се снимаше првата епизода, дојде до смена на власта во РМ, и новата власт предводена од СДСМ, преку новиот директор на филмскиот фонд Тозија го прекина снимањето и го раскина договорот со Јадран Филм. Сопственикот на Јадран Филм Винко Грубишич објави дека на раскинувањето на договорот претходел обид на Тозија за изнудување рекет од 100 илјади евра за да дозволи да продолжи снимањето на серијата, за што објави и смс пораки испратени од Тозија до нивни заеднички пријател и соработник, испратена лично од Тозија.

Од пораката што беше објавена се гледа дека освен париза себе, Тозија се обидел да го менува и сценариото оти многу му сметало името ВМРО и побарал да не се спомнува многу често името ВМРО во серијата, иако голем дел од серијата се одвива во време на историската ВМРО и ги прикажува настсните од животите на нејзините најпознати водичи и експоненти како Гоце Делчев, Дамјан Груев, Христо Татарчев, Пере Тошев, Јане Сандански, Борис Сарафов, Васил Чакаларов, Христо Узунов, Димитар Влахов, Павел Шатев, Тодор Александров, Петар Чаулев, Христо Матов, Мише Развигоров, Павел Шатев, Панчо Михајлов Чавдар, Ванчо Михајлов, како и историски ликови кои стануваат познати подоцна, и тоа пред, за време и после втората светска војна како Ченто, Панко Брашнаров, Шарло, Кузман Јосифовски Питу, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Лазар Колишевски и други.

Дел од серијата се одвива и пред појавата на ВМРО опфаќајки ги кресненското и разловечкото востсние, но и по распуштањето на ВМРО во 1934та, вклучувсјки ја втората светека војна и првите 6-7 години по неа. Како и да е, Тозија побарал да не се спомнува многу името ВМРО небаре се снима серија за денешните партии а не за историјата. Грубишиќ најави објавување и на други докази против Тозија.

Владата на СДСМ му поднесе кривична пријава на Винко Грубишич за неисполнување на делови од договорот и најави истрага и судско гонење. Грубишич исто тска најави и поднесе тужба и барање финансиска оштета од владата.

Инаку Винко Грубишич во минатото за време на војната во Хрватска бил еден од поблиските соработници на Фрањо Туѓман и дел од неговиот кабинет одговорен за специјани операции во воени услови а во сверата на комуникациите. Учествувал во неколку кампањи на ХДЗ и е резисер и продуцент како и сопственик на еден од најголемите филмски балкански брендови Јадран Филм.

Најнови вести

Коронавирус