четврток, 13. август 2020. Вести денес: 156
home Вести

ВИДЕО: Се откажа од СДСМ после 20 години трчање за партијата

ВИДЕО: Се откажа од СДСМ после 20 години трчање за партијата

После 20 години работа и трчање за партијата, гостиварецот Спиро Спироски вели дека е крајно разочаран и навреден од постојаните лажни ветувања, но и погрешни политики на СДСМ. Сите досегашни заложби за партијата вели, биле залудни.

Незадоволството меѓу членството пак, тврди, се повеќе расте.

Спировски за Алфа телевизија вели дека не е изигран само како член и верен поддржувач на СДСМ, туку и како координатор на стечајците за Гостивар. И не само во овој град, револт има и во кавадаречкиот огранок на стечајци.

За револтот и незадоволството кај дел од членството на СДСМ, не сведочи само случајот со Спировски ни Камчев. Деновиве на социјланите мрежи, и други верни поддржувачи на партијата јавно се откажаа од неа, палејќи ги своите членски книшки.

Коронавирус