четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Вести

ВИДЕО: Се бара построга казна за убијците на Саздо

ВИДЕО: Се бара построга казна за убијците на Саздо

Се бара построга казна за убијците. Иако, ништо нема да го врати Саздо, но немањето правда ќе доведе до нови вакви трагични случаи. Денеска таткото на убиениот Никола Саздовски – Саздо, Тони Саздовски, неговиот адвокат Ванчо Шехтански и претставници на Комити дадоа изјава пред Јавното Обвинителство во врска со барањето за зголемување на казната, коe е поднесено во Обвинителството.

 

– Максималната казна за ова дело е доживотен затвор, но за лица помали од 21 година, односно доколку извршителите немаат 21 година во време на извршување на делото неможат да бидат осудени повеќе од 20 години. Зарем тоа не е доволно олеснителен момент за овие лица. Биле млади, зарем Никола беше стар. Зарем се двоиме во Република Македонија на млади и стари. Не, тоа не би требало да биде така. Затоа ние овдека дојдовме да изразиме еден мирен протест и револт. Доставивме на јавниот обвинител едно барање да го продолжи процесот да бара максимална казна од третостепениот суд, односно од Врховниот суд и се надеваме дека Врховниот суд тоа ќе го усвои, односно да ја потврди онаа 19-годишна казна што ја изрече првостепениот суд, изјави таткото на Никола, Тони Саздовски по поднесувањето на жалбата.

Никола Саздовски, припадник на навивачката група „Комити“ почина по бруталното претепување на 29 јуни 2018 година. За свирепо убиство на Саздовски беа осудени Бесир Беља и Скендер Демири на по 19 години затвор. Во моментот на кривично дело немале наполнето 21 година, поради што не им била досудена доживотна казна затвор.

Коронавирус