Претседателот на огранокот на ДУИ за Чаир , Беќир Асани, во скандалозно интервју за порталот ,,Мактел„ го нарече претседателот на ЗНМ , Насер Селмани, копиле (14 минута), го навредува и кон него демонстрира ново вербално насилство. На ова Саше Ивановски, кој го водеше интервјуто со Асани, се смееше. Тој не реагираше и на другите навреди кон Селмани, коментира весникот „Слободен печат“.
,,Без да се навредите вие, ги разбирам македонските новинари, но не можам да го разберам нашето копиле(Политико се смее). Ако сакал да разбере(Селмани) што се случува можел да не контактира. Неговата објава не беше убава. И јас имам фамилија и пријатели, и заради Насер Селмани ми се пцуеше фамилијата. За заканата што му ја упатил брат ми, јас разбрав последен. Имам порака за Селмани-ако е маж и знае да навреди, тогаш треба да прифати навреда. Ако имало закана од брат ми , не треба да се плаши. Јас сум тој што треба нешто, ако треба за заканите. Не е убаво наутро да е маж, а навечер да легнува како жена. Нека биде маж и нека не оди потоа да плаче по амбасадите. Ако било тоа , да сум прифатил навреда од Насер, нека биде тогаш фитбекот и кон него од мене“, изјави Бекир Асани, нарекувајќи го претседателот на ЗНМ, Насер Селмани-дно.
Според весникот, интервјуто предизвика остри реакции во јавноста, во кои се коментира дека станува збор за нарачано интервју преку кое треба да се „испере” Беќир Асани, по инцидентот во кој нападна полицајка, додека таа го отстрануваше неговото возило погрешно паркирано пред ТЦ Мавровка. Во овој инцидент Асани заработи само прекршочна пријава, бидејќи како што соопшти полицијата, тој полицајката ја нападнал вербално, а физиќките повреди ги добила удирајќи се од пајакот.