четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

(ВИДЕО) Сарач: Заев го обвини Ердоган дека е диктатор

(ВИДЕО) Сарач: Заев го обвини Ердоган дека е диктатор

Објаснувајќи зошто ги прекинал односите со лидерот на СДСМ Зоран Заев првиот човек на Движењето за национално единство на Турците во Македонија Ердоган Сарач открива што мисли екс премиерот за претседателот на Турција Таип Реџеп Ердоган.

Во вчерашната емисија Заспиј ако можеш со Горан Момироски на телевизија Алфа Сарач изјави дека пред парламентарните избори во 2016 година кога се договарале изборните листи Заев го обвинил дека е близок со Реџеп Таип Ердоган кој според него е диктатор.

Заев од мај 2017 во повеќе наврати имал средби, од кои една е официјална посета на Анкара, со човекот за кој тврди дека е диктатор.

Овој дел од емисијата во која учествуваат Сарач и новинарот Бранко Героски е по 26 минута од видеото.

Коронавирус