недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 22
home Вести

ВИДЕО: Протест пред куќата на Фросина Ременски, околу 60 полицајци го обезбедуваат имотот

ВИДЕО: Протест пред куќата на Фросина Ременски, околу 60 полицајци го обезбедуваат имотот

Во моментов поголема група граѓани протестираат пред куќата на пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски во скопско Бардовци, јавува Република.

Околку 60 полицајци го обезбедуваат имотот на Ременски пред граѓаните кои го искажуваат своето незадоволство кон пратениците на СДСМ кои што гласаа за донесување на Законот за употреба на јазиците, пишува порталот.

Освен кај Ременски, незадоволни граѓани деновиве протестираа во десетина градови низ државата како и пред куќите на пратениците на СДСМ.  Тие протестираа пред домовите на Кети Смилеска и Панче Иванов, во Виница беше запален автомобилот на пратеничката Славица Шуманска – Митева од СДСМ, а викендов протести имаше и во Прилеп и Битола.

Коронавирус