четврток, 5. август 2021. Вести денес: 99
home Вести

ВИДЕО: Протест на ВМРО-ДПМНЕ, блокада пред МНР

ВИДЕО: Протест на ВМРО-ДПМНЕ, блокада пред МНР

ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжува со протестите.

На седницата на Извршниот комитет одржана викендов во Битола, донесена е одлука за продолжување на протестите, поради како што информираат од партијата, спречување на националниот срам кој и се подготвува на Македонија од страна на Зоран Заев и неговите соработници.

Од партијата велат дека протестите продолжуваат затоа што Заев и Бујар Османи кријат за што се преговара и што се’ се подготвени да прифатат од бугарската декларација.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува министерот за надворешни работи Бујар Османи да го покаже на македонската јавност документот кој го преговараат со Зоран Заев.

-Се додека на тајни преговори се подриваат македонските национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да протестира заедно со граѓаните на Република Македонија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Протестите продолжуваат утре од 17:00 часот пред МНР во Скопје.

Коронавирус