Граѓаните на Карпош се жалат бидејќи повторно нешто гори и не се дише, а од општината и Град Скопје ништо не преземаат.
-Тони еве ги пак горат нешто, смрди не се дише, а од општина Карпош и Градот со прст не мрдаат- возбудено и изреволтирано ми пренесе Цобе, од кејот во Карпош. Видеата се во прилог, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски на Фејсбук, споделувајќи и видеа.