четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Полицијата влезе и во 1ТВ

ВИДЕО: Полицијата влезе и во 1ТВ

Пред половина час инспектори заедно со полиција влегле во 1ТВ, чиј сопственик е Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој беше уапсен попладнево.

Неофицијално, се проверува документацијата на медиумот, по наредба на Обвинителството за организиран криминал.

Претходно полицијата вршеше претрес и во домот на родителите на Бојан Јовановски во скопската насела Тафталиџе.

Бојан Јовановски – Боки 13 попладнево беше уапсен на еден од граничните премини во државата на барање на Обвинителството за организиран криминал. Приведен и е бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој попладнево беше спроведен во Кривичниот суд на распит.

Двајцата се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари. Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

 

Коронавирус