понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 53
home Вести

ВИДЕО: Падна кров на тоалет во скопски студентски дом, студентите исплашени и револтирани од негрижата на властите

ВИДЕО: Падна кров на тоалет во скопски студентски дом, студентите исплашени и револтирани од негрижата на властите

Во студентскиот дом „Стив Наумов” во Скопје, вчеравечер паднала цела кровна конструкција во еден од тоалетите кои ги користат студентите, објавува Скопје1.

Паднатата конструкцијат уништила и дел од инвентарот во тоалетот, но и личните работи на студентите. Засега нема информации за повредени лица, но, доколку некој ја користел просторијата, случајот можел да заврши трагично.

Студентите се револтирани поради овој случај и велат „Ова не е во ред”. Според нив, лошите услови во студентскиот дом стануваат неподносливи и ги повикаа надлежните од ресорното министерство да реагираа на време, пред ова да се повтори и случајот да заврши трагично.