понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Видео: Охридските угостители со химната и музика бараат права и отворање на објектите

Видео: Охридските угостители со химната и музика бараат права и отворање на објектите

Охридските угостители, заедно со колегите од другите градови, денеска, со пуштање гласна музика во своите објекти (од 12 – 18 часот), го креваат својот глас, и ги повикаа надлежните институции најитно да ја разгледаат можноста за повторно отворање на кафулињата и рестораните. Тие бараат да добијат и соодветни протоколи за работа во состојба на глобална пандемија, со цел, како што велат, навремено да се подготват и да ги адаприраат објектите на реалната состојба.

Од „Кубе Либре“, еден од најпрепознатливите угостителски објекти на ривиерата, пак, симболично денеска одекна македонската химна.

Угостителите укажуваат дека штетите кои ги трпат од корона кризата се огромни и сериозно влијаат на нивната економска моќ. Стравуваат дека во прашање може да биде доведен и нивниот опстанок. Се жалат дека се уште не ги добиле потребните протоколи за безбедност во работата, но велат дека се подготвени да ги спроведат мерките на здравствените експерти за да се заштитат и себеси и гостите.

Според најавите, Владата на денешната седница, закажана за 16 часот, меѓу другото, треба да ги разгледа и предлозите за отворање на угостителските објекти и укинување на полицискиот час, согласно предлогот на Комисијата за заразни болести.

Парламентарни избори 2020