недела, 18. ноември 2018. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Огромна колона на Евзони – Македонците се враќаат од грчките плажи

ВИДЕО: Огромна колона на Евзони – Македонците се враќаат од грчките плажи

Неколку километарска колона попладнево има пред грчко-македонската граница кај Евзони. Продолжениот викенд голем број на Македонци го искористија за да ги посетат грчките плажи.

Поради зголемена фреквенција на возила  попладнево на граничните премини Богородица и Дојран, на македонско-грчката граница, за влез во држава се чека половина до еден час.

Од АМСМ информираат дека на останатите гранични премини нема подолги задржување за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Зголемен интензитет има на патните правци надвор од градските средини.

На видеото кое го објави радиото Канал 77 може да се забелеќат огромен број возила кои се враќаат накај Македонија.