сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 31
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

ВИДЕО: „Неспособноста на оваа Влада излезе на виделина, последнава недела во Македонија има најмногу заразени и починати од коронавирус“

ВИДЕО: „Неспособноста на оваа Влада излезе на виделина, последнава недела во Македонија има најмногу заразени и починати од коронавирус“

Неспособноста на оваа влада излезе на виделина со справување со пандемијата на корона вирусот за последниве седум дена во Република Македонија каде што билансот на заразени е најголем, а најмалку направени тестови и за жал најмногу починати во регионот, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи видео.

Процент на новозаболени во однос на тестирани случаи во последните 7 дена: Македонија – 4,73%,  Бугарија – 2,52%,         Србија – 1,62%, Хрватска – 0,21%, Грција – 0,14%, Црна Гора – 0%.

Најголем процент на заразени. Повеќе од Србија, Бугарија, Грција и Хрватска вкупно.

Според извештаите на заразени на 1 милион жители во регионот за последните 7 дена: Македонија – 91, Бугарија – 31,       Србија -85, Хрватска – 4, Грција- 4, Црна Гора – 0, Албанија – 33

Македонија има и најмногу заболени лица од корона вирус во регионот. Повеќе заболени на 1 милион жители од Грција, Бугарија, Албанија и Хрватска заедно.

Во Македонија има најмногу починати лица на 1 милион жители  во последните 7 дена споредбено со земјите на Балканот:

Македонија – 8, Бугарија – 2, Србија – 2, Хрватска – 1, Грција – 1, Црна Гора – 0, Албанија – 1.

Најмногу починати лица. Повеќе починати на 1 милион жители од Србија, Бугарија, Грција и Албанија заедно.

Катастрофалната состојба со справување на корона вирусот во Македонија продолжува. Сето ова оди на нечистата совест на Зоран Заев, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Парламентарни избори 2020