вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 165
home Вести

ВИДЕО: Наташа Димитриевска ја започна правната битка за сообраќајката кај „Млечен“

ВИДЕО: Наташа Димитриевска ја започна правната битка за сообраќајката кај „Млечен“

Сопругата на починатиот Гоце Димитриевски незадоволна од условната казна за возачот кој ја предизвика несреќата кај Млечен а во која загина нејзиниот сопруг, Наташа Димитриевска поднесе претставка до Судски совет.

Одлуката на судијата ја нарече пристрасна и додаде дека воопшто не се ценеле доказите. Според Димитриевска, возачот на џипот кој удрил во нив додека се возеле на моторот, живеел во близина на несреќата па најверојатно пракса му било да преминува преку двете полни линии иако било забрането свртувањето.

Со претставка, Димитриевска ќе се обрати и до Советот на јавни обвинители со која ќе бара преиспитување на постапувањето на обвинителката која го водела предметот.

Во меѓувреме, од Обвинителството најавија дека по приемот на пресудата во писмен формат, ќе вложат жалба на пресудата.

Во петокот Основниот кривичен досуди условна казна за 64 годишниот возач кој удри во Гоце и Наташа а претходно признал вина.

Коронавирус