вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 66
home Вести

ВИДЕО: Многумина го нарекоа вистинскиот Дедо Мраз, еве што работи чичко Кире

ВИДЕО: Многумина го нарекоа вистинскиот Дедо Мраз, еве што работи чичко Кире

„Одам во Лапонија, се враќам со ирвасите, ама доаѓам тука, па се преправам во чичко Кире и работам.“

Вака, вистинскиот дедо Мраз кој поголемиот дел од годината штима пијана, а и прекрасно свири, раскажува како ги минува деновите и што го натерало да престојува во Македонија, кога го има целиот свет на дланка. Па вели, има невозможна мисија, мака го натерало да остане, бидејќи нема моќ да оствари. Да би можел, сите македонски политичари би ги ставил во пакетче и би ги заменил со нови.

-Да може во пакетче да ги пикнам или да ги врзам во вреќата, сите политичари, и да магично да извадам нови, што ќе работат чесно, тоа би го направил, па по цена и на мојот живот, вели Дедо Мраз за Алфа телевизија.

И облеката му е од Македонија. Направена од театарската завеса на стариот МНТ, кој беше целосно срушен во земјотресот во 1963 година.

-Завесата била падната, па штофот го зела некоја жена, случајно стигна до мене, а маестро Тоше ми ја скрои, објаснува дедо Мраз.

Тој е разочаран од негативната енергија која струи во земјава, па неговата магија не е доволна за да ја замени со позитивна мисла.