сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

(Видео) Митовски: Се пpeкршува изборниот молк во Охрид, cпpoтивно на законот се асфалтираат улици ден пред изборите

(Видео) Митовски: Се пpeкршува изборниот молк во Охрид, cпpoтивно на законот се асфалтираат улици ден пред изборите

Редакцијата на Инфомакс преку повеќе мобилни тимови ја следи на терен состојбата во земјата од започнувањето на изборниот молк.

Во Охрид, односно во селото Лескоец, како што информира Алексндар Митовски од терен, денес е забележано извршување на градежни работи, спротивнои на изборниот и кривичниот законик.

„На неполни 20тина часа пред почетокот на изборниот процес на гласањето тука во општина Охрид, во селото Лескоец на големо се извршуваат градежни работи. Како што можете да видите зад мене тешка градежна механизација од утринава е тука распоредена и асфалтира улички спротивно на изборниот законик и кривичниот законик. Остануваме во Охрид да ја следиме ситуацијата во предизборниот период до недела остануваме во Охрид. Другите екипи на Инфомакс се распоредени на други точки, критични точки, низ државата, останете со нас и следете како се одвива изборниот молк и целиот предизобрен процес“, известува Митовски

Инфомакс од започнувањето на изборниот молк до завршувањето на изборниот процес ќе биде присутен на терен во целата држава, одблизу ќе го следи изборниот процес и обидите за поткуп и манипулација со изборниот процес.

Екипи ќе имаме од Скопје до Гевгелија, од Охрид до Струмица, и секаде онаму каде што ќе биде нарушен со било какви незаконски дејствија.

Коронавирус