среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 167
home Вести

ВИДЕО: Министерот за земјоделие избега од соочување со сточарот од Велес

ВИДЕО: Министерот за земјоделие избега од соочување со сточарот од Велес

Сточарот од Велес Митко Јанков денеска на новинарско прашање дали денеска ги поканиле претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да дојдат и разговараат со сточарите за нивните барања вели дека тие биле поканети но не дошле.

-За жал не дојдоа, вака не се работи, ние сточарите денеска ги затворивме овците за да дојдеме и да најдеме решение, а еве како што гледате тие не дојдоа, а беа уредно поканети, вели Јанков.

Тој додава дека како образложение зошто не биле дојдени претставниците од МЗШВ бидејќи тие работеле на продолжување на рокот за аплицирање.

-Бидејќи рокот беше навистина краток и траеше до 15 декември, а работата беше и тие да дојдат бидејќи и ние имаме некои наши работи, тие можеа тоа да го направат и утре и друг ден, а ние не можеме секој ден да ја затвораме стоката и да бараме решенија, рече Јанков.

Коронавирус