УХМР информираше дека утринава најстудено е во Маврово, каде се измерени -9 степени целзиусови, а таму има и највисока снежна покривка од 41 сантиметар.
Снежна покривка од 33 сантиметри има во Пожаране, 29 во Тополчани, 27 во Прилеп, 25 во Лазарополе, 19 во Битола, 16 во Крушево, 15 во Берово и Дебар, 14 во Охрид, 9 во Ѓуриште, 8 во Крива Паланка и Виница, 7 во Претор и 5 во Тетово.