понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 58
home Вести

ВИДЕО: Ковачевски со исти ветувања како неговиот преанешен шеф Зоран Заев

ВИДЕО: Ковачевски со исти ветувања како неговиот преанешен шеф Зоран Заев

Новиот мандатар Димитар Ковачевски пред народните и избраници излезе со исти ветувања како неговиот претходник и поранешен шеф Зоран Заев.

Имено како што истакна самиот тој фокусот на новата влада ќе биде во создавање поголем и одржлив раст на економијата во следните две и пол години.

-Клучна цел на економската политика на Владата ќе биде креирање поголем и одржлив раст на економијата и пораст на БДП со удвојување на стапките на економски раст на среден рок и тоа од 2,5%, на 5% просечен раст, рече во своети излагање тој.

Ова ќе го постигнеме преку зголемувањето на домашните и странските инвестиции, инвестиции во јавни и приватни проекти, како и значајно зголемување на ефикасноста во реализацијата на капиталните инвестиции.“ посочи Ковачевски.

Од друга страна пак, со истите ветување во претходните пет години настапуваше неговиот поранешен шеф, Зоран Заев, кој секоја година ветуваше дека, ќе биде година на економијата и зголемување не економскиот раст на над 5%.

Во продолжение погледнетего видеото и ќе ви стани јасно за што станува збор:

Коронавирус