„Другата страна на политиката“ е нова страница на „Фејсбук“ на која група млади интелектуалци,како што велат, без никакви интереси од ниедна партија или личност, револтирани од досегашните тридецениски лоши и погрешни избори на граѓаните, наредниот период „ќе се обидеме низ нашата призма да Ви помогнеме вам ценетите граѓани да одлучите за кого треба да го дадете вашиот глас и каков профил на Претседател на Републиката ни треба“.
Повторуваме, немаме никаков интерес кон никого, а сите кои сакаат да ни се придружат во нашата приказна се добредојдени. И најважно, наредните 10 дена како ја развиваме нашата приказна, така ќе дознавате за што се залагаме. Републиката да е СИЛНА!, велат тие.
Во првото видео тие одговораат на прашањето: Каков треба да биде следниот претседател на РМ.