петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 30
home Вести

ВИДЕО: Јоци објави снимка како Кежаровски ја напаѓа

ВИДЕО: Јоци објави снимка како Кежаровски ја напаѓа

Неколкудневната расправија на фејсбук помеѓу новинарката Јорданка Ивановска – Јоци со новинарот Томислав Кежаровски и неговата сопруга, синоќа според фејсбук статусот на Јоци резултирал со вербален напад од Кежаровски пред куќата на нејзината другарка каде отишла на роденден во Скопската населба Лисиче.

Кежаровски во изјавите за медиумите беше воздржан само со изјава дека нема да дозволи некој да го навредува неговото семејство без да прецизира имало или не инцидент. Вечерва Јоци на нејзиниот фејсбук ја објави снимката од видео надзорот од моментот на блиската средба со Кежаровски.

-Во име на вистината и во интерес на јавноста ја објавувам оваа снимка од вчера. Бидејќи, Кежаровски, за да го оправдаат насилството од вчера врз мене, ја втурнаа во прикаската и нивната ќерка, која искрено не знам ни како изгледа на овие години. На снимката е улицата Мите Богоевски во населба Лисиче. На оваа улица не живеат Кежаровски. Во еден момент, може да видите дека расправијата и не личи баш на расправија.
На крајот, и покрај се’, јас се паркирам и влегувам во куќата на другарка ми.

За сите наводи, јавни закани, изнесени лаги од сите членови на семејството, ќе бидат поднесени пријави во полиција и кривична за закана.
Нека си донесат писмени или други докази за лажните тврдења. А, немаат.
Јас за нив имам.

Немам намера повеќе никого да толерирам кој ја загрозува мојата безбедност, ме вознемирува на јавна површина, навредува јавно, ми препишува дијагнози, напаѓа и очекува да помине неказнето.
Потекнувам од пристојна, ситуирана и едуцирана фамилија, исто и моите пријатели.
И ова е недозволиво ! – напиша Ивановска.

Видеото може да го видите ТУКА

 

Коронавирус