сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 67
home Вести

(ВИДЕО) Ивановска: Има доказ дека Анѓушев не се изземал од одлуката и учествувал во расправата на владина седница

(ВИДЕО) Ивановска: Има доказ дека Анѓушев не се изземал од одлуката и учествувал во расправата на владина седница

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска во интервју за „360 Степени“ зборуваше за одлуката за поднесување иницијатива до премиерот Зоран Заев за отворање постапка за утврдување одговорност против вицепремиерот Кочо Анѓушев, при носењето на владината одлука за намалување на акцизата за увоз на литиум јонски батерии.

Таа го објасни целиот случај, демантирајќи го Анѓушев кој кажа дека има поднесено изјава со која се изема од постапување и одлучување.

„На почеток, во 2017 година во септември фирмата Брако поднесува барање до Стопанска комора за да поднесе барање до Министерството за економија, тоа да иницира донесување на одлука од страна на Владата за намалување на царината. Стопанската комора тоа го проследува до Министерството за економија и кругот си оди како што треба. Во тој случај Анѓушев си поднесува изјава во којашто има наведено дека ја доставил до Министерството за економија и до Владата. Таа изјава нема приемен штембил од страна на Министерството за економија, ниту од страна на Владата, но се однесува на тој предмет, бидејќи е напишано архивско бројче на тој предмет. Предлог-одлуката од Министерството за економија оди на седница на Влада, меѓутоа се одложува оваа точка и тука приказната завршува на 26 септември 2017“, рече Ивановска.

Коронавирус