петок, 10. јули 2020. Вести денес: 173
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

ВИДЕО: Граѓаните незадоволни од карантинот и досегашната работа на Филипче!

ВИДЕО: Граѓаните незадоволни од карантинот и досегашната работа на Филипче!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе гужва од вообичаено, она што смирува е тоа што речиси сите граѓани носеа заштитна маска и ракавици, објавува Инфомакс.

Покрај пазарите преполни се и маркетите, а пред нив има „километарски“ колони, причината за ова е фактот што на граѓаните им беше оставено премалку време за да ги набават потребните намирници.

Екипата на Инфомакс претпладнево спроведен анкета за тоа дали граѓаните се согласуваат со тридневниот полициски час, дали се задоволни со тоа како Владата се справува со пандемијата и која беше причината за наглото олабавување на рестриктивните мерки.

Граѓаните пред се се исплашени од коронавирусот и состојбата во нашата држава. Додека ја снимавме анкетата пристигнаа и неофицијалните бројки дека во Македонија има 127 новозаболени од опасниот коронавирус. Ваквата информација направи паника на пазарот и ги вознемири граѓаните.

Вината за состојбата поголемиот дел од нив ја гледаат во власта.

Тие велат дека мерките прерано се олабавија, а позадината на сето тоа е политиката односно предвремените парламентарни избори. Тие тука ја гледаат најголемата грешка бидејќи според нив голем дел од граѓаните се однесувале несовесно откако биле олабавени мерките.

За тоа како власта се справува со вирусот посочуваат само да ги погледнеме бројките на новозаразени и починати. Тие испратија порака дека премногу се води политика, а премалку се води грижа за здравјето на граѓаните.

Припадник на ромската етничка заедница во Македонија посочи дека на Шутка и се заканува глад, бидејќи голем дел од жителите кои на еден или на друг начин го заработувале лебот директно се погодени од рестриктивните мерки, а вели и дека во местата каде живеат роми нема ниту доволно маски, ниту доволно ракавици, а камо ли средства за дезинфекција.

Дел од граѓаните коваат планови како да го напуштат Скопје пред полицискиот час, а ова го покренува прашањето дали ваквата непресметана одлука на Владата ќе ја прошири заразата и во другите градови?!

Парламентарни избори 2020