среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

(ВИДЕО) Граѓанин до Стојаноски, Лазаревска и Тунтев: Како не ви е срам да носите деца од училиштата на овие настани кои ги организирате во политички цели

(ВИДЕО) Граѓанин до Стојаноски, Лазаревска и Тунтев: Како не ви е срам да носите деца од училиштата на овие настани кои ги организирате во политички цели

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски и пратениците Жаклина Лазареска и Томислав Тутнев беа вербално нападнати од граѓанин на Охрид денес во центарот на градот, а интервенирала и полицијата, објави „Охрид 1“.

-„Како не ви е срам да носите деца од училиштата на овие настани кои ги организирате во политички цели ? Предавници !!! Господ да ве отепа !!! Ќе ви се памти ова “ – беа дел од зборовите кои граѓанинот ги упати кон нив.

Според „Охрид 1“, нападите против локалните функционери стануваат секојдневие, претходно граѓани одбивале Стојаноски да им врачи награди , тезгаџиите фрлале книги пред неговите нозе и ред други инциденти кои се случувале на официјалните настани организирани од локаланта власт.

 

 

Коронавирус