недела, 15. септември 2019. Вести денес: 63
home Вести

ВИДЕО: Голем број луѓе на протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид (СНИМКА ОД ДРОН)

ВИДЕО: Голем број луѓе на протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид (СНИМКА ОД ДРОН)

Една недела пред 30 септември ВМРО-ДПМНЕ ги собра охриѓани на протестен марш. Жители на Охрид и Охридско, Струга, Ресен, маршираа низ градот порачувајќи Македонија ќе победи.

Пред илјадниците граѓани на градскиот плоштад се обрати претседателот на партијата Христијан Мицкоски и ги повика охриѓани да се обединат, зашто како никогаш досега ни е потребно обединување. Со стихови од Абраш и Прлчев Мицкоски ја пренесе пораката дека Македонија ќе излезе посилна од злото кое ѝ се заканува.

Тој уште еднаш повтори дека ВМРО-ДПМНЕ е за европска Македонија, но со оваа гарнитура на власт Македонија вечно ќе остане во чекалницата на ЕУ.