петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Филипче ги злоупотребува лекарите како статисти, наместо да се борат со коронавирусот

ВИДЕО: Филипче ги злоупотребува лекарите како статисти, наместо да се борат со коронавирусот

Во екот на самата епидемија со коронавирусот, додека докторите треба да бидат на своите работни места и да им ја пружат потребната помош на оние пациенти кои што се заразиле со вирусот, министерот Венко Филипче истите ги користи како статисти.

Можете само да замислите колку време овие лекари и друг медицнски персонал кои се во видеото, потрошиле за снимање на промо-спотот на Филипче, со кој министерот ги „фали“ истите оние кои во прво време немаа соодветна заштитна опрема за борба со коронавирусот, што резултираше со огромен број заразени од оваа најбитна фела за животот и здравјето на граѓаните и чија директорка од редовите на СДСМ, поради личен хир и тотална ноншалантност зарази еден куп медицински лица. Во прво време, лекарите и медицинарите се крстеа во опремата на хуманите луѓе кои со 3Д скенери правеа и им испраќаа скафандери, маски и заштитни ракавици.

Филипче на својата Фејсбук страница објави видео-запис насловен „Аплауз за здравствените работници!“, од кој може да се заклучи дека станува збор за евтин популизам во време на епидемија кога се губат и човечки животи, со една и единствена цел, а тоа е добивање на ситни политички поени.

Аплауз за здравствените работници! Посветено се грижат за своите пациенти. Во првите редови против КОВИД-19….

Gepostet von Венко Филипче am Mittwoch, 6. Mai 2020

Најнови вести

Коронавирус