понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 160
home Вести

ВИДЕО: Две кривични пријави од Чулев против Спасовски

ВИДЕО: Две кривични пријави од Чулев против Спасовски

Две кривични пријави против Оливер Спасовски- едната за несовесно работење додека бил на чело на МВР, а другата заради злоупотреба на службената должност како Претседател на Влада.

Техничкиот министер Наќе Чулев тврди дека Спасовски на три лица со безбедносен ризик, им дал работни места во министерството, спротивно на одлуката на Влада и одлуката на Агенција за национална безбедност.

„Истите лица се распоредени крај на декември, едното лице е распоредено на 2 јануари значи само ден пред неговото назначување за технички премиер“, изјави Наќе Чулев- технички министер за внатрешни работи.

Чулев исто така обвини дека Спасовски „заработи“ кривична пријава и за злоупотреба на службената положба како претседател на Влада.

„Беа поништени пет решенија, меѓутоа веднаш потоа во „Службен весник“ излезе одлука на Влада која беше фалсификувана дека се поништени 142 решенија. При тоа е направена злоупотреба на службена должност како претседател на Влада со фалсификување на службен документ“, додаде Чулев.

Претходно Чулев обвини дека Спасовски направил прекршување на законот со тоа што во новата систематизација на МВР не ја ставил единицата за беспилотни летала што беше дел од УБК.

Државата оваа единица ја чинела многу пари, а во хангарите стојат дроновите за чие одржување се плаќало околу 2 милиони долари.

Коронавирус