вторник, 3. август 2021. Вести денес: 173
home Вести

ВИДЕО: Директорот на Заев, Ден Дончев, фатен на камера како зема поткуп, Заев знаел за рекетот

ВИДЕО: Директорот на Заев, Ден Дончев, фатен на камера како зема поткуп, Заев знаел за рекетот

Купче пари во рацете на Ден Дончев. Прв пат македонски политичар фатен со мито. Денес на Интернет се појави нова аудио и видео бомба од која се гледа како Директорот на ФЗО, Ден Дончев, зема пари како и разговори поврзани со рекетирање за фирмата „Дијамед“, објави НЕТПРЕС.

Видеото е објавено на You Tube.

Ден Дончев зема пари и потврдува дека е во целосна координација со тогашниот премиер Зоран Заев.

-Од аудиото се слуша како доскорешиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, се фали дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов, кој самиот Дончев тврди дека му бил близок пријател на Зоран Заев и затоа го поставил на таа позиција. Во разговорите може да се слушне како Дончев го координира случајот „Рекет 2“, односно да влезат во компанијата „Дијамед“ која пак обвини за рекетирање од власта. За потсетување Вера Иванова, бизнисменката која го продаде „Дијамед“ на шведска фирма со се 20-годишна лиценца за дијализа, пред неколку месеци поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче и против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев. Адвокатот на Иванова тврди дека ја оневозможувале продажбата на странски инвеститор со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата, пишува НЕТПРЕС.

На крајот на минатата година словенечката телевизија „Нова 24“ објави дека Зоран Милески Кичеец и’ се јавил на Вера Иванова, жртвата во аферата „Рекет 2“ за да ја уценува, дека ако не се предомисли за продажбата на нејзината фирма „Дијамед“ ќе следела истрага против неа.

-Само ден подоцна, на 26 октомври, обвинителката Вилма Рускоска најавила дека нејзиното обвинителство ја истражува работата на фирмата ’Диамед’. Две недели подоцна следува поголем шок. Обвинителството ги замрзнува средствата на сопственичката на ’Диамед’, околу 11 милиони евра, стекнати од продажбата на фирмата на шведскиот стратешки партнер, се наведува во текстот објавен на телевизијата „Нова24“.

Инаку Ден Дончев си поднесе оставка пред неполн месец, а според тврдењето на Заев тоа било сторено поради наводни здравствени причини.

Во меѓувреме беа објавени и други аудио снимки, кои ги пренесуваме во продолжение:

Коронавирус