понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 188
home Вести

ВИДЕО: Дејан Лилиќ не можеше да ги запре солзите на комеморацијата за Беличанец

ВИДЕО: Дејан Лилиќ не можеше да ги запре солзите на комеморацијата за Беличанец

Општина Кисела Вода се прости од Билјана Беличанец. На емотивна комеморација одржана во Домот на културата последна почит и оддадоа нејзините роднини, соработници во општината, како и колегите актери, кои го упатија последното збогум.

Прерано починатата актерка својата куса политичка кариера ја одбележа со еден мандат како градоначалник на Кисела Вода. Наследникот на Беличанец на оваа функција информираше дека во нејзина чест, Домот на културата во Кисела Вода ќе го носи нејзиното име, а утре во општината ќе биде прогласен ден на жалост.

Опишувајќи ја како неповторлива личност, од својата колешка низ плач се простија и дел од колегите на Беличанец.

Сочувство за трагичната смрт на Беличанец упатија и претседателот Иванов и премиерот Заев. Пофални зборови за нејзиното работење во Кисела Вода напиша и поранешниот премиер Груевски, во чиј мандат Беличанец управуваше со една од најголемите скопски општини.

На комеморација закажана за утре во Драмскиот театар, последен поздрав до Беличанец ќе упатат и нејзините колеги актери.

Најнови вести

Локални избори 2021