вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 156
home Вести

ВИДЕО: Дали апсењето на Јакимовски е реваншизам за скандалот кој тој го обелодени за Заев?

ВИДЕО: Дали апсењето на Јакимовски е реваншизам за скандалот кој тој го обелодени за Заев?

Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски пред две години обелодени како што тој го нарече, мега скандал со актуелниот премиер Зоран Заев, и тврдеше дека Зоран Заев како претседател на СДСМ му побарал на Јакимовски мито од 250 илјади евра. Јакимовски уште тогаш истакна дека има доказ, ливче на кое писмено Заев ги напишал своите барање, иако лидерот на ГРОМ тогаш во јавноста го обелодени скандалот, неговиот глас не допре до Основното Јавно Обвинителство.

Според Јакимовски 50 илјади евра Заев му побарал за изградба на црквата во Струмица, исто толку пари му побарал за развој на спортот и културата во оваа општина, додека 100 илјади евра Заев му побарал за граѓаните во општината од ромска националност.

Јакимовски во изјава за телевизија Канал 5 тогаш рече:

-Се закануваат луѓе кои што се вмешани во криминал до гуша. Целиот врв на СДСМ. Уште еднаш повторувам дека Заев е човек кој што е близок до криминалот и дека тој е упрљан и тоа многу. Затоа што мене лично за фирма која што требаше да управува со цврстиот отпад во струмичкиот регион ми испостави ливче на кое што пишува дека 50 илјади евра треба да се дадат за спортот во Струмица, 50 илјади евра да се даде за црквата што се гради во Струмица, 50 илјади за културата и 100 илјади евра како тој што вели ,,ромите го јаделе секое сабајле му барале пари пред врата“, него лично да му се дадат за да може тој да ги исплаќа тие сметки, изјави Јакимовски на 11 март 2016 година.

 

На оваа тема денеска прес-конференција одржа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. Потенцираше дека Република Македонија е единствена држава во Европа каде што се апсат и притвораат пратеници на опозицијата, без никаква основа, спротивно на Уставот и законите.

-Вчерашното приведување на лидерот на политичката партија ГРОМ, господинот Стевче Јакимовски не е ништо друго, освен одмазда кон политичките неистомисленици и обид за прикривање на актуелните скандали во кои се живи фатени.Приведувањето на лидерот на ГРОМ, господинот Стевче Јакимовски е политичка конструкција со која што Зоран Заев сака да испрати порака дека органите на прогонот се негови инструменти и дека без разлика на доказите и правдата, секој може да биде мета на политички прогон, доколку јавно се осудил да го посочува криминалот на Заев и кликата околу него.Јакимовски не се плашеше да обелодени дека Зоран Заев на ливче му побарал 250.000 евра. Јакимовски не се плашеше јавно да говори за заканите кои СДСМ му ги упатуваше откако одлучи да се кандидира за градоначалник надвор од партијата на Заев, додаде Арсовски.

Коронавирус