сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 85
home Вести

ВИДЕО: Цукерберг проговори за лажните профили од Македонија

ВИДЕО: Цукерберг проговори за лажните профили од Македонија

Во Македонија откривме голем број лажни профили што генерираат лажни вести, рече Марк Цукерберг, основачот на „Фејсбук“ во неговото прво интервју и појавување во јавноста откако деновиве изби скандалот со злоупотреба на повеќе од 50 милиони кориснички профили.

– Во 2017 година креиравме алатки со кои детектиравме лажни профили и акаунти што генерираат лажни вести. Голем број такви акаунти откривме во Македонија – рече Цукерберг во ексклузивното интервју за „Си-ен-ен“ кое го пренесува „AdToDate“ и може целосно да го прочитате тука.