понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 163
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

(ВИДЕО) Бомба на еден од најблиските соработници на Заев: Екс премиерот му се jaвил на Боки 13 да му каже дека случајот е приjaвен

(ВИДЕО) Бомба на еден од најблиските соработници на Заев: Екс премиерот му се jaвил на Боки 13 да му каже дека случајот е приjaвен

Вистината е како шило, па така кога тогаш се ќе излезе на виделина, може да демантира Зоран Заев, може да демантира Вилма Русковска, но фактите се јасни, екс премиерот го предупредил Бојан Јовановски дека Орце Камчев го пријавил случајот кај него. Токму ова скандалозно признание денеска го имаше сегашниот посебен советник за евроатлански интеграции во кабинетот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ. Имено Маричиќ призна дека неговиот шеф прво нешто кое што го направил откако Камчев го пријавил рекетот е да му каже на Јовановски дека нивната операција е откриена. Да не заборавиме дека Бојан Јовановски беше уапсен на граничниот премин со Грција каде наводно се упатил за да избега од правдата во Македонија.

-Во однос на улогата на Зоран Заев, јасно излегоа две пораки каде што и на Орце Камчев и на Боки 13 јасно им кажува дека ќе одговараат и дека нема намера ништо да оправдува, ниту да учествува во тоа и да си ја докажат својата невиност пред суд, вели тој.

-Супер е сето тоа што го кажавте прво разговара со нив, после и се јавува на „Русковска“ да го пријави случајот, запраша Андоновски.

-Точно така, вели Маричиќ.

ИЗВОР: ИНФОМАКС

Коронавирус