среда, 28. јули 2021. Вести денес: 160
home Вести

ВИДЕО: Боки 13 со лисици на раце спроведен во кривичниот суд

ВИДЕО: Боки 13 со лисици на раце спроведен во кривичниот суд

Бојан Јовановски познат како Боки 13 вечерва во придружба на полиција беше донесен во Кривичниот суд каде треба да започне распитот за него и за Зоран Милевски-Кичеец. Двајцата се осомничени дека зеле 1,5 милиони евра како награда за да влијаат врз јавен обвинител за да запре истрага против едно лице. Обвинителот врз кого требале да влијаат се уште е на работното место.

За двајцата до судија за претходна постапка е поднесено барање за определување мерка притвор.

 

Извор: ТВ21

Коронавирус