петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 48
home Вести

ВИДЕО: Битолчанка ја изрецитира поемата која Ковачевски ја напиша за Зоран Заев

ВИДЕО: Битолчанка ја изрецитира поемата која Ковачевски ја напиша за Зоран Заев

Анонимна битолчанка ја изрецитира величенствената поема која директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски ја напиша за претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Овој рецитал доаѓа откако романтична разврска се разви во врвот во врвот на СДСМ и во стилот на тоталитарните комунистички диктатори, лидерот на СДСМ Зоран Заев си доби воспевачка поема за себе.

Автор на поемата која се објави е ни помалку е ни помалку ни повеќе директорот на државната компанија ЕСМ, Васко Ковачевски.

Поемата е издадена на социјалната мрежа Фејсбук и соодветствува со нишка социјалистички-реалистички дискурс во кој лидерот се жртвува за сите останати.

Прочитајте го ова “ремек дело”:

Со реакција се јавија и од државната компанија ЕСМ од каде велат дека ова величествено творештво на Ковачевски не е напишано денескa, туку во 2016 година и оттаму објавата на Лидер, била лажна вест.

„Порталот Лидер.мк објави лажна вест за наводен денешен ФБ статус на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски ставајќи ја истата лажна вест во контекст со денешната трагедија во рудникот Суводол во РЕК Битола. Ваквата лажна вест, извртување на факти и пласирање неточна слика за менаџирањето на компанијата и комбинатот во услови на човечка трагедија е целосно непрофесионална од порталот лидер.мк, како и од курир.мк, нетпрес.мк и експрес.мк кои истата лажна содржина ја реобјавија, како и од сите други медиуми кои истото ќе го направат“, се вели во демантот.

Од АД ЕСМ велат дека Фејсбук-постот со песната која е претставена како објавена денеска, всушност е објавена на 23 април 2016 година, на приватен профил кој директорот Васко Ковачевски не го користи од 2018 година, откако бил назначен за директор на РЕК Битола, а профилот бил деактивиран пред повеќе од две години.

Коронавирус