четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 95
home Вести

(ВИДЕО) Беговиќ: Неисполнетото ветување за платите на крај завршува со гурбет на лекарите на Запад

(ВИДЕО) Беговиќ: Неисполнетото ветување за платите на крај завршува со гурбет на лекарите на Запад

Ќе излезе ли докторската фела на штрајк или пак ќе ги добијат ветените 100 илјади денари плата, што попрво ќе се случи?

Претседателот на самостојниот синдикат на Клинички центар, д-р Горан Беговиќ, во интервју за Лидер вели дека синдикатот не е за штрајк, повеќе се за преговори, кој за жал се немаат случено веќе десет месеци.

Членовите на синдикатот бараат тоа што Владата им го ветила во програмата 2017-2020 година, меѓу најважните работи дека лекарската плата ќе биде 100 илјади денари.

Беговиќ ги негира тврдењата на министерот Филипче дека ветувањето е остварено.

-По колективниот договор кој и министерот го знае и има имаме 44.517 денари основна плата на доктор специјалист и сме далеку од тие бројки за кои од власта тврдат дека ги оствариле, вели Беговиќ.

Коронавирус