сабота, 6. март 2021. Вести денес: 35
home Вести

(Видео) Арсовски: Oд МВР се виновни што секој бандит со пиштол пука кај стигне

(Видео) Арсовски: Oд МВР се виновни што секој бандит со пиштол пука кај стигне

На МВР поважно им е дали на граѓаните маската им е под нос или закачена само на едното уво за веднаш да ги казнат, а воопшто не им е важно кој поседува и носи со себе пиштол, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во врска со денешниот инцидент во центарот на Скопје, пред поранешната Градска болница, а претходно и во селото Батинци.

„Откако дојде СДСМ на власт изминативе години гледаме само филмски пукотници низ центарот на Скопје и граѓаните не се чувствуваат воопшто безбедно. Секој што си зема за право да носи пиштол во себе, се повикува на блискоста со власта и станува опасен за околината, што денеска се виде и во самиот центар на Скопје“, истакна партискиот портпарол.

Според него, голем е сомнежот дека власта крие нешто бидејќи нејасни биле информациите за денешниот настан.

„Најпрвин очевидци за медиуми брифирале дека лице со пиштол се заканувало и пукало пред болницата, за потоа експресно МВР и директорот на СДСМ на болницата, да демантираат дека немало никакво пукање пред Градската болница, а за што сепак сведочи и автомобилот и пиштолот кои се најдени на паркингот“, нагласи Арсовски.

Партискиот портпарол порача дека дали и зошто полицијата ги крие овие информации од граѓаните останува нејасно, но дека тоа можеби укажува оти се работи за лица кои се блиски до структурите на власта.

Коронавирус