четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 132
home Вести

(ВИДЕО) Али Ахмети контра Оливер Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не побара амнестија

(ВИДЕО) Али Ахмети контра Оливер Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не побара амнестија

Спротиставени изјави во таборот на владејачката коалиција. Додека Оливер Спасовски ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека се пазареле за амнестија, Ахмети го демантира.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на своите јавни настапи во референдумската кампања неколку пати јавни обвини дека ВМРО-ДПМНЕ, во ниту еден момент не мислеле за Договорот од Преспа, туку ги интересирало само амнестија.

„Имаше една работа која беше најважна за Мицкоски и ДПМНЕ. А тоа беше да се погодат со СДСМ, со Заев и Владата да имало амнестија за Груевски и неговата компанија. Ако некој смета дека треба да уценува со излезност на референдум за да се пазариме за амнестија на криминалци, нема амнестија за никој“, изјави пред неколку дена Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Но лидерот на ДУИ и коалициски партнер на СДСМ, Али Ахмети во синоќешното гостување на телевизија 24 Вести изјави дека никој од ВМРО-ДПМНЕ вклучително ни Никола Груевски ниту пак Христијан Мицкоски во ниту еден момент не побарале амнестија.

-Не, значи не бараше Никола Груевски, ниту Христијан Мицкоски од мене ниту амнестија ниту некоја друга олеснителна околност. Христијан Мицкоски бараше  да не се употребуваат двојните стандарди преку изборниот процес. И Никола Груевски истото ми го има речено дека треба да се воспостави по правото, доколку се прекршени законите тие ќе одговараат пред правдата. Не сакаат реваншизам ниту да се употребуваат двојни стандарди во оваа држава, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во вчерашното гостување на 24 Вести.

 

Коронавирус