вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 84
home Вести

ВИДЕО: Ахмети удираше на маса во студиото на ТВ 21, лут зошто Албанците не биле обединети

ВИДЕО: Ахмети удираше на маса во студиото на ТВ 21, лут зошто Албанците не биле обединети

По завршувањето на лидерската средба во Вила Водно, вчера претседателот на ДУИ Али Ахмети гостуваше во емисијата Клик плус на ТВ 21 каде изрази незадоволство затоа што Албанците не биле обединети и неколку пати удри со рака по масата.

Видно бесен, Ахмети потенцираше дека му е срам да оди на средби со 6 албански партии кога Македонците доаѓаат со 2, една од власта и една од опозицијата.

-Срам ми е да одам на средби со 6 различни албански делегации и да се викаме Албанци со образование, со факултет. Каков факултет имаме, какво образование имаме. Срамота е за Албанците 6 албански делегации, а само 2 македонски – една на власта и една на опозицијата. Доаѓа Беса со шестмина, затоа што не си веруваат еден на друг. Села со три-четворица, Тачи со 2-3, Ахмети со 2-3, Острени со 2-3, ова е срамота. И ми велите дека јас сум ги навредил нив. Најдете ми го најмалиот доказ и ќе се тргнам, нема да ги понижам Албанците, нервозно објаснуваше Ахмети.