среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 31
home Вести

Ветувањето на СДСМ за чист воздух доживува фијаско – граѓаните се гушат во смог

Ветувањето на СДСМ за чист воздух доживува фијаско – граѓаните се гушат во смог

Во недостаток на идеи, главно ветување на кандидатите за градоначалници на СДСМ пред локалните избори беше чистиот воздух, но без никакви конкретни мерки како би дошло токму до тој почист воздух. Но, не само што нема ништо од чистиот воздух кој беше ветуван, туку во најголем дел од градовите во Македонија, би можело да се каже и дека е ризично да се излегува од домовите.Во текот на вчерашниот ден најзагадени градови во Република Македонија беа Битола и Скопје, каде концентрацијата на ПМ 10 честички беше на доста високо ниво.

Во Битола тие изнесуваа 340 мг/м3, додека во скопско Лисиче тие изнесуваа 228 мг/м3.

Наместо конкретни мерки за справување со загадувањето, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој и самиот призна дека нема целосен план за справување со овој проблем, реши да удри директно по џебот на граѓаните, со најава дека ќе се поскапува паркингот во Скопје.

-Една од мерките што ја замисливме е скалесто покачување на паркирањето во центарот за оваа зима и намалување на јавниот билет, додека не дојдеме до состојба на бесплатен јавен превоз, изјави Шилегов.

Од градот Скопје наведоа дека сите мерки за справување со загадувањето се во фаза на предвидување и планирање.

-Планот предвидува краткорочни и среднорочни мерки во однос на загадувањето. Планираме уште зимава да воведеме забрани за градежни активности во најзагадените делови на градот. Предвидуваме и нови политики во јавниот превоз и промоцијата на велосипедизмот, пишаа од градот Скопје.

Експертската јавност коментира дека празното ветување со кое СДСМ дојде до гласови на изборите, сега им се удира од глава. Како што велат тие, СДСМ ветуваше чист воздух, но без никаков план и мерки како до тоа би дошле, што може да се види сега.

Инаку освен Скопје и Битола, големо е загадувањето и во другите градови и населени места во Македонија.

Коронавирус