понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 12
home Вести

Ветувањата на Богоев за чист воздух останаа само празно слово на хартија- Карпош енормно загадено среде лето!

Ветувањата на Богоев за чист воздух останаа само празно слово на хартија- Карпош енормно загадено среде лето!

Жителите на скопски Карпош веќе неколку денови  дишат енормно загаден воздух. Податоците од мерната станица во населбата, кои утрово ги објавија од министерството за животна средина, покажуваат високо загадување со ПМ честички од над 140 микрограми на кубен метар, неколку пати над дозволеното, објавува Канал 5.

Графиконите покажуваат дека во реонот на Карпош од 29 август до 3 септември загадувањето енормно се зголемувало во вечерните часови, помеѓу 20 и 24 часот.

Причината за висока загаденост во овој период од граѓанското здружение 02 ја гледаат во неажурноста на надлежните институции во справувањето со проблемот  на недозволени палења на стрништата на нивите но и на многу локации во градот. Татјана Чакулев од граѓанското здружение „О2 Иницијатива“вели дека големите скокови на аерозагадување во Карпош не се ништо ново.

Дел од жителите на Карпош ни потврдија дека деновиве воздухор бил тежок за дишење, со густ чад и мирис на изгорено. Некои пак велат дека ситуацијата не е алармантна како во зимскиот период.

Во потрага по одговори од надлежните институции и инспекторите на терен, се обративме до државниот инспекторат за животна средина. Оттаму одговор не добивме. Од канцеларијата на првиот човек на инспекторатот не беа достапни.

Инаку за потсетување на јавноста, Богоев во предизборниот период за локалните избори во 2017 година ветуваше попис на зеленилото на територија на општина Карпош како и иницијатива за формирање на Еко полиција во соработка со извршната власт.