петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Вести

Ветија зголемување на платите на сите вработените во градинките, но излажаа: Власта за некого мајка, за друг маќеа

Ветија зголемување на платите на сите вработените во градинките, но излажаа: Власта за некого мајка, за друг маќеа

Вработените во детските градинки од владата на СДСМ добија ветување на корекција на платите. Очекувајќи го најавеното покачување, вработените во градинките не претпоставија дека власта ги става во ист кош само кога им ги бара гласовите пред избори.

Во пракса, оваа власт ја прави државата селективна во постапувањето па вработените во градинките ги дели на „вработени на кои ќе им се покачат платите“ и „вработени на кои ветувањето нема да им биде исполнето“.

Така, покачување на платите имаат само вработените негователки и воспитувачки.

Лицата кои работат како хигиеничари, готвачи, чувари во градинките, ќе треба да се задоволат со онолку колку што земале и до сега. За нив ветувањето „пу-пу не важи“.

-Покачувањето на платите на вработените во градинките продолжува и во 2019 година. Со измените на Законот за детска заштита коишто се во собраниска процедура и треба да се најдат на гласање пред пратениците е предвидено покачување на платите на кадарот во градинките. Со истите измени за прв пат се предвидува и кариерен развој во секторот детска заштита, со што се враќа достоинството на вработените во градинките, информираа од Министерството за труд и социјална политика во почетокот на годинава.

До средината на годинава, само се докажа дека ова е уште една во низата лаги на СДСМ, особено во секторот на МТСП.

Лицата кои работат на друго работно место освен негователки и воспитувачки, секако земаат помали плати, на кои ќе останат без денар повеќе.