четврток, 9. април 2020. Вести денес: 176
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Ветен нов автопат Велес-Прилеп-Битола: Од Прилеп до Скопје ќе се патува само еден час

Ветен нов автопат Велес-Прилеп-Битола: Од Прилеп до Скопје ќе се патува само еден час

Идната Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обврзува на изградба на нов автопат Велес преку Прилеп до Битола, проект со кој конечно Пелагонија нема да биде слепо црево во државата, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Овој автопат е барање на бизнис секторот и на сите граѓани од овој дел на Македонија, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го изгради во својот мандат.

Со ова автопатско поврзување од Прилеп до Скопје ќе се патува за само 1 час.

СДСМ со Зоран Заев и министерот Горан Сугарески ја стопираа изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско, проект кој го започна минатата Влада и кој конечно требаше да овозможи полесно поврзување со остатокот од државата, но и да се спречат несреќите на овој патен правец кој досега зеде голем број на жртви.

ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните се обврзува дека покрај изградбата на нов автопат Велес-Прилеп-Битола, ќе се доизгради и експресниот пат Приле-Градско, со што ќе се создадат услови за влез на нови инвестиции во Пелагонискиот регион, како и услови домашните компании да ги прошират производствените капацитети.

Коронавирус