На рочиштето за насилството во Општина Ценатр има пауза бидејки одбраната на обвинетите побара вештакот кој дојде од Србија да покаже дека има лиценца. Слободан Јовичиќ таква лиценца не покажа, па судијата побарал да ја обезбеди лиценцата.
За одбраната на обвинетите е спорно тоа што според член 236 став 1 од ЗКП, стои дека вештачењето можат да го вршт само вештаци, запишани во регистарот на Македонија, а лицето Слободан Јовичиќ не е дел од тој регистер.
Одбраната наведува дека е зачудувачки што од 13 лиценцирани вештаци од Македонија, СЈО се одлучило за вештак од Србија.
Вештакот нема лиценца, ниту пак решение дека има лиценца, ако тој мора да се легитимира тоа е неговата лична карта, кажаа адвокатите.