петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 138
home Вести

Весели: Договорот меѓу Македонија и Грција извонредна вест за целиот регион

Весели: Договорот меѓу Македонија и Грција извонредна вест за целиот регион

Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели го поздрави вчера постигнатиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција за прашањето на името, кој го оцени како „охрабрувачки модел“ за соседните народи, јавува дописникот на МИА од Приштина.

– Постигнатиот договор за името е извонредна и долгоочекувана вест за мирот и стабилноста во целиот регион. Тој служи како охрабрувачки модел за сите соседни народи, за да ги решат проблемите од минатото по пат на дијалог и меѓусебно разбирање. Мене посебно ме радува што благодарение на тоа на Република Северна Македонија и се одблокира патот кон зачленувањето во НАТО и ЕУ, напиша Весели.

Спикерот на косовскиот Парламент им честита и на сонародниците Албанци во Македонија за ова достигнување и им се заблагодари за „конструктивниот однос про-интеграциите кој го задржаа цело време“.

МИА

Најнови вести

Коронавирус