сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 73
home Вести

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Коалицискиот партнер на СДСМ предлага оваа учебна година да се прескокне

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Коалицискиот партнер на СДСМ предлага оваа учебна година да се прескокне

Коалицискиот партнер на СДСМ, НСДП предлага комисијата за заразни болести и владата да ја разгледаат и можноста оваа учебна година во целост да не започне, односно учениците да останат дома цела година.

Во партиското соопштение, како аргументи во прилог на овој нивен предлог се наведува тоа што физичкото присуство на учениците во училиштата, макар тоа да биде и во ограничена форма преку одење на училиште на одредени одделенија, комбинирано со спроведување онлајн настава, може да го зголеми бројот на заразаени со коронавирус.

Тука го посочуваат примерот со Израел каде, како што велат, по отворањето на училиштата се појавил нов и пожесток бран на зараза, достигнувајќи и над 2 000 новозаразени на ден кон крајот на јули.

Коронавирус