среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 52
home Вести

Верувале или не денеска е Света Корона: Помолете се на оваа светица, еве од што ќе ве заштитува целиот живот

Верувале или не денеска е Света Корона: Помолете се на оваа светица, еве од што ќе ве заштитува целиот живот

Верувале или не, денеска е Света Корона.14 мај се одбележува како ден на католичката заштитничка на дрвосечачите, месарите, парите, но и заштитник од епидемии.

Се верува дека Корона била убиена од Римјаните на 16-годишна возраст, веројатно во областа на денешна Сирија, затоа што не ја криела својата христијанска вера. Според легендата, таа била врзана за две свиткани палми, а потоа распарчена кога извршителите ги ослободиле јажињата на палмите.

Многу рано се омажила за римски војник, Виктор од Сиена, кој со неа умрел како маченик. Света Корона се слави на 14 мај, а нејзиниот сопруг е канонизиран и се почитува како Света Виктор од Сиена.

По игра на случајност, името на маченицата и вирусот се исти. Вирусот го добил името корона бидејќи под микроскоп изгледа како да има круна, на латински корона.

Инаку, неодамна германската катедрала во Ахен ги извади моштите на Св. Корона. Почнале со подготовка на реликвиите за да ги изложат откако ќе помине пандемијата на коронавирусот. Нејзините мошти биле донесени во Ахен од кралот Ото III. во 997 година и биле чувани во гробот во катедралата до 1911/1912 година, кога биле преместени во реликвијар висок 93 сантиметри и тежок 98 килограми.

Коронавирус