сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Вербалните напади кон Мизрахи, топ тема во Израелските медиуми

Вербалните напади кон Мизрахи, топ тема во Израелските медиуми

„Срамни беа антисемитските реакции“, вели Ефраим Зуроф, директор на Центарот Симон Визентал за Источна Европа во изјава за Еврејската Телеграфска Агенција која под наслов „Македонија го доби својот прв Евреин член на Владата“ објави анализа на се тоа што се случуваше последните денови откако Рашела Мизрахи беше изгласана за Министерка за труд и социјална политика.

Агенцијата потсетува на тоа дека Мизрахи заработила срдечни честитки за изборот, но и била вербално нападната од политичките активисти што медиумите ги нарекоа антисемитски.

Видана Бошкова Мицевска, активистка на левичарскиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, или СДСМ, напиша на Фејсбук: „Не ми пречи дека Рашела влезе во фашистичка партија. Сигурна сум дека нацистите имаа и Евреи кои се бореа за подобри права на Евреите “.

Мерсиха Смаиловиќ, активистка за муслиманска заедница и поранешна вработена во министерството со кое сега раководи Мизрахи, и предложи на Мизрахи да ја закачи Давидовата ѕвезда.

„Ако ја користеше ѕвездата на Давид, немаше да има проблем“, напиша таа на Фејсбук.

Ефраим Зуроф, директор на Центарот Симон Визентал за Источна Европа, и честиташе на Мизрахи, нарекувајќи ја нејзината номинација „охрабрувачка пресвртница“ за нејзината заедница. Но, сепак „антисемитските реакции беа срамота“, изјавил тој за еврејската телеграфска агенција.

Коронавирус