петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 130
home Вести

Вера од Љубојна: Сега дознав за настанот, не знам дали ќе настапувам!

Вера од Љубојна: Сега дознав за настанот, не знам дали ќе настапувам!

Вокалот на етно групата „Љубојна“, Вера Милошевска -Јосифовска, во изјава за Лидер дадена доцна синоќа рече дека штотуку дознала од медиумите дека ќе настапува на владината прослава по повод најавеното влегување во ЕУ и НАТО, за кое владата слави иако Република Македонија не стана членка на ниту една од овие организации.

Неа за настанот и локацијата никој до вчера не ја известил.

-Да бидам искрена и јас денес видов дека ќе настапуваме таму. До сега не знаевме дека сме во програма, има таму ангажман, букерот дава ангажман и не знам што друго да ви кажам, изјави Вера Милошевска за Лидер.

На прашање дали заедно со групата Љубојна ќе настапува на оваа владиина парада, Милошевска ни одговори кратко со „не знам.“. Запрашана дали верува во настанот и промената на името таа одговори:

-Јас сум прашана за нешто? Еве нека се откаже прославата, нема проблем, ќе се смени нешто?, кажа Милошевска.

Инаку Љубојна, пред се затоа што е етно група која на репертоарот има егејски песни, беше една од најпрозваните на социјалните мрежи, каде што илјадниците граѓани го искажаа револтот од ваквата прослава за интеграции во ЕУ и НАТО кои сеуште се немаат случено.Инаку, таа жестоко реагираше и за промената нја името, каде што премиерот и министерот за надворешни јавно на фејсбук ги нарече копуци.

Дека не биле информирани дека ќе пеаат на партиско-политички настан на СДСМ и Влладата, открија и Гоце САФ, Пикисипи и Conquering Lion. Сите овие изведувачи на социјалните мрежи напишаа дека немале претстава на каков настан ќе присуствуваат.

Како што неофицијално дознаваме, авторите не биле информирани за што и каде ќе пеат се до вчера, што се потврдува со изјавите на неколкумина од артистите. Имено, владата нив уште минатиот месец им дала да потпишат рамковни договори за извесен културен настан за кои во ниту една прилика не биле известени дека е од политички карактер. Утринава се обидовме да стапиме во контакт со портпаролот на Владата Миле Бошњаковски кој затоа што не е во Македонија не замиоли прашањата да му ги пратиме по СМС порака.

Инаку, скандалозната манифестација ќе се одржува во 15 градови и на неа ќе настапуваат 40 артисти помеѓу кои Попов Мирко, Вртев Ристо, Ориѓански Златко, Јаневски Владо, Нонстоп Бени, Арнаудова Христа, Ристеска Елена, Блажевски Панчо ДНК, Слаткаристика Маринковиќ Марко и други.

Фама се крена и околу настапот на рап бендот САФ кој е познат по анти-системска социјално ангажирана музика. Од таму рекоа, дека затоа што од владата биле наместени, нема да ја изведуваат нивната единствена весела песна, насловена „Раце горе“.

Извор: ЛИДЕР

 

Коронавирус